Вести Економија Топ вести

Ковачевски не смеел да се меша во работата на МЕПСО

Нити сум судија, ниту обивнител. Премиерот Ковачевски смета дека нема надлежност да бара одговорност од МЕПСО за тоа што Управниот одбор на компанијата одлучи да отпише долг од 14 милиони евра на приватни фирми – трговци со струја. Ова го констатираа државните ревозори во последниот извештај. Тој не смеел да се меша во работата на преносниот систем.

Инаку, членовите на надзорниот одбор ги избира Владата, односно Министертвото за транспорт. Тие пак потоа го назначуваат генералниот и останатите директори кои се и членови на Управниот одбор.

МЕПСО е независно тело во управувањето. Има органи на управување и согласно со европските регулативи и ЕЕЗ, Владата не може да се меша во работата на преносниот систем. Ако е направено нешто спротивно на закон, нормално е да се сноси одговорност. Јас ниту сум судија, ниту обвинител, рече ковачевски.

Но, премиерот Ковачевски веројатно сакајќи да ги анулира овие проблеми во енерегтиката, се стави во улога и на уредник па си побара прашање и за гасот.

Јас гледам одамна нема прашања за гас, гледам ладничко, е дали имате информации кој го доби последниот тендер за набавка на гас, рече Ковачевски.

Обвинителството за борба против организиран криминал пак во моментов нема отворено предмет за отпишаните 14 милиони евра долг. Од таму велат дека ги следи сите написи и ако се утврдат елементи на кривично дело ќе биде отворен предмет согласно надлежностите.

Според извештајот на државниот ревизор, шестмина членови на Управниот одбор во МЕПСО гласале да им се отпише долг на четири приватни фирми – трговци со струја. За потребите на овие компании, МЕПСО влечеше струја од европската мрежа. За количините, фактурата изнесуваше над 15 милиони евра. Одвај се наплатија нешто над 1 милион евра, но остатокот од долгот е простен.

Меѓу трговците кои должат милиони кон МЕПСО се, У Повер, Енергија гас и Повер и Мист Енерџи. Иако, добија забрана за трговија со струја, некои го променија името на фирмата и се вратија во игра. И натаму се трговци со електрична енергија, а МЕПСО не успеа од нив да го наплати долгот и парите да си ги врати во сопствената каса.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Викендов со нешто попријатна временска состојба – Временска прогноза за 11.5.2024

Дејан Дејан

Георгиев: СДСМ треба да се остави да го изоди својот пат

Дејан Дејан

Тодоров: СДСМ за цело време на мандатот губеше политички поени заради ДУИ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе