Вести Економија Топ вести

Премали основачки влогови за основање на фирма за струја, констатирал ДЗР

Премали основачки влогови за трговија со струја. Ревизорите констатирале дека износот од 5.000 евра не е доволен за некој да добие лиценца и да може да тргува со електрична енергија. Се отвара и простор со потешкотии да се наплатат евентуалните штети кои би се направиле во енергетскиот сектор. Ревизорите предлагаат измени во Законот за енергетика со кои основачкиот капитал за оваа намена би се зголемил.

Укажуваме на ризик во постапката за издавање на лиценца за енергетска дејност која е пропишана со Законот за енергетика и е во надлежност на РКЕ, а која се однесува на обврската за правниот субјект, кој е вршител на дејноста да поседува основачки влог од 5.000 евра. Овој капитал не е доволен за да се надомести шетатата по основ на направени загуби во енергетската дејност  или ненаплатени побарувања поврзани со вршење на енергетска дејност, за што е потребна интервенција во Законот за енергетика, се вели во извештајот.

За ова до сега неколку пати реагираше и експертската јавност. Познавачите на оваа проблематика сметаат дека треба да се затегнат условите за сите оние кои сакаат да бидат дел од пазарот со струја.

Ревизорот констатирал и дека и со Уредба им било овозможено на трговците со струја, долгот кој ќе го направат кон МЕПСО да го враќаат на рати, без притоа да го зголемат износот на банкарската гаранција.

Врз основа на уредба сите трговци биле ослободени од обврската за зголемување на банкарската гаранција, по основ на склучените договори за балансна одговорност за репрограмирање на нивните доспеани, а ненаплатени долгови, се вели во извештајот.

На самиот старт на енергетската криза кога цената на струјата на берзите почна да расте, а домашното производство не беше доволно, за потребите на домашаниот пазар и за трговците со струја, МЕПСО влечеше количини од европската мрежа. Доби и опомени, а се соочи и со опасност од санкции. Четири трговци  меѓу кои У Повер, Енергија Гас и Повер и Мист Енерџи направија милионски долг кон МЕПСО. Фактурата за влечената струја достигна 15 милиони евра, пари кои тие требаше да ги вратат во касата на преносниот систем.

МЕПСО успеа да наплати само 1,2 милиони, а останатите 14 милиони евра долг, според ревизорите со одлука на Управен одбор, МЕПСО го отпишал. Овие трговци добија и забрана за тргување со електрична енергија, но долгот остана. Некој од нив успеаа да се вратат во бизнисот со тоа што го променија името на фирмата. Според последните информации сметките на должниците на МЕПСО се блокирани, приливи нема и со месеци од нив не е извлечено ниту евро.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК ги објави првите официјални резултати од претседателските и парламентарните избори

Дејан Дејан

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе