Вести Македонија Најважни

Која е германската фирма која со ЖИКОЛ за 200 милиони евра ќе ја гради пречистителната станица на водите од Скопје

Градела пречистителни станици во Будва и во Москва. Фирмата со седиште во Есен во Германија е избрана за изведувач на проектот на пречистителната станица на водите од Скопје. Во проектот како локален изведувач, Германците го избрале Жикол. Големиот проект од 200 милиони евра ги раздели Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ поради меѓусебни обвинувања за финансиски злоупотреби со скопскиот водовод.

По многу перипетии и контроверзи со проектот финансиран со европски пари, во седиштето на скопски Водовод е депониран договорот за изградба на пречистителната станица на скопските води.

Договорот во тајност е потпишан пред два дена, а според информации на Телма, за двесте милиони евра пречистителната станица кај Трубарево ќе ја гради германската фирма WTE Wassertechnik GmbH заедно со домашната компанија Жикол.

Тие на тендерот ја победиле турската фирма Кузу груп и доставиле покомплетна понуда. Поради овој тендер, во градската коалициона власт во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска се разведе од партнерите од ВМРО-ДПМНЕ, при што ја обвини партијата и Мицкоски за ставање на рачиња во медот.

Но, иако таа зад кулоарите навиваше за турската Кузу, сепак изборот паднал на германската компанија која е многу поискусна во изградба на пречистителни станици за вода.

WTE и Жикол покрај поквалитетна понуда имале и соодветна банкарска гаранција додека Турците понудиле банкарска гарнација не од банка туку од финансиска институција со седиште во Монако.

Откако Народната банка одговорила дека не постои таква банка , на турската компанија и било понудено да достави нова гаранција, но не биле во можност поради војната во Украина.

На тој начин, Германците останале единствени во трката и го добиле тендерот.

WTE е германска компанија која има многу слични проекти пред се во државите во источниот дел на ЕУ, како Полска и Литванија, но имаат и претставништво и проекти и во Москва.

Еден од поголемите проекти на компанијата е пречистителната станица во Будва која е пуштена во употреба во 2014-та година.

Проектот за скопската пречистителна станица вреди над 200 милиони евра, 136 милиони се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија.

Пречистителната станица ќе биде лоцирана во месноста Пласница во близина на Трубарево веднаш до Вардар.

Ќе бидат прочистувани отпадните води, а корист ќе имаат над половина милион жители во главниот град и околината. Досега не е објавена ниту информацијата дека е потпишан договорот ниту пак градот Скопје или скопски Водовод го објавија договорот со германците.

Директорот на Водовод Драган Илиевски не одговори на нашите повици.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе