Спорт Тенис

Мусети го елиминираше Ѓоковиќ

Италијанецот Лоренцо Мусети го направи најголемото изненадување во досегашниот тек од турнирот од Мастерс серијата што се одржува во Монте Калор.

Тој во три сета во меч што траеше скоро три часа со 4:6, 7:5 и 6:4 го елиминираше светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

Настапот во Монте Карло заврши и за фаворитот број 4, Каспер Руд по поразот од Јан Ленард Штруф кој место на турнирот обезбеди преку квалификациите.

Вториот носител Стефанос Циципас беше поуспешен од Николас Хари од Чиле совладувајќи го со 6:3 и 6:3, а Русинит, Андреј Рубљов триумфираше во соочувањето со сонародникот Карен Хачанов.

Пласман во четвртфиналето обезбедија уште Холгер Руне по победата над Матео Беретини, Јаник Синер по елиминацијата на Хуберт Куркач и Тејлор Фриц кој славеше во мечот против Јиржи Лехечка.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ е далеку од елитната АБА-лига: Доживеа дебакл во Суботица

Desk

ФОТО галерија: Шкендија славеше на Чаир, еден ривал помалку во трката за титулата

Дејан Дејан

Ферстапен исто како и во Кина: Најбрз на спринтот во Мајами

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе