Вести Економија Македонија

АД МЕПСО реагира на ревизорскиот извештај: Невистинити се тврдењата дека Управниот одбор на АД МЕПСО отпишал, односно простил околу 14 милиони евра долг

АД МЕПСО најостро реагира во однос на начинот на презентирање на информациите во медиумите по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои во одредени случаи се ставени во несоодветен контекст, АД МЕПСО ја дава оваа информација за јавност.

„Невистинити се тврдењата дека Управниот одбор на АД МЕПСО отпишал, односно простил околу 14 милиони евра долг на свои должници, а сето тоа поткрепено во медиумите со исечок т.е дел од Одлука на Управниот одбор на АД МЕПСО каде што јасно стои дека се врши “резервација” на средства а не отпис или простување на истите, што се сосема различни термини кои мора да се разликуваат“, соопштуваат од МЕПСО.

Раекцијата на МЕПСО ви ја пренесуваме во целост:

  • Членовите на Управниот одбор на АД МЕПСО се избрани лица со мандат од 4 (четири) години, и како избрани лица кои имаат статус на менаџери тие во согласност со Законот за трговски друштва на РСМ имаа склучено Менаџерски Договори во кои се уредени нивните права, обврски и одговорности, се до траење на нивниот мандат. Како едно од правата кои го имаат членовите на Управниот одбор на Друштвото е и правото на отпремнина во износ од 12 месечни плати, кои го остваруваат само доколку им биде прекинат мандатот, пред да истече истиот т.е. доколку мандатот им прекине пред истек на периодот од 4 (четири) години, за кој се избрани.

Во однос на тоа дека членови на УО ја тужеле компанијата и добиле отштета, го појаснуваме следното:

  • Двајца бивши членови на Управниот одбор на АД МЕПСО, на кои им бил прекинат мандатoт пред истиот да им истече, поднесоа тужби за исплата на отпремнини согласно склучените Менаџерски Договори до Основниот граѓански суд Скопје. Само на еден од нив судот со правосилна пресуда му досуди отпремнина во износ од 12 месечни плати, но на другиот поранешен член на Управен одбор судот му го одби тужбеното барање, и таа одлука е правосилна.

Во однос на тоа дека во текот на 2021 год. и 2022 год. има судска постапка од поранешен генерален директор го посочуваме следното:

  • Станува збор за непроверена информација бидејќи името и презимето на поранешен член на Управен одбор кој го тужеше АД МЕПСО за отпремнина и судот го одби во тоа негово тужбено барање е исто со името и презимето на еден од подоцнежните членови на Управен одбор на АД МЕПСО кој ја вршеше функцијата Претседател на Управен одбор и Генерален Директор на АД МЕПСО, кој го нема тужено АД МЕПСО.

Во однос на делот кој се однесува на ТЕЦ Неготино, АД МЕПСО дообјаснува дека  согласно законската обврска за обезбедување на ладна резерва, компанијата беше задолжена од законодавецот по овој основ да врши плаќање кон ТЕЦ Неготино, како законска обврска која предходно законодавецот му ја имаше дадено на АД ЕЛЕМ (сега АД ЕСМ).

МЕПСО им простил 14 милиони евра на трговците со струја

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе