Вести Економија Топ вести

Горивата поскапуваат од 1,5 до два денари за литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06  отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за два денариа за литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 84,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 87, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 74, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 73 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,505 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,079 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946  отсто, кај дизелот за 4,784, кај екстра лесното масло за 4,793 и кај мазутот за 1,892 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот во споредба со претходната пресметка е понизок за 0,224 отсто.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе