Вести Економија

ЕСМ повторно увезува струја откако ТЕЦ Неготино сопре со производство

Во текот на неделата на регулираниот пазар се потрошени 16.928 MW/h од кои 15.248 се домашно производство, а 1.680 се увезени од страна на ЕСМ продажба. Ова се случува само 24 часа откако ТЕЦ Неготино престана со производство.

Истовремено од компанијата ЕСМ продажба информираа дека е спроведена јавна набавка на електрична енергија за период на испорака од 09.04 до 16.04.2023 (00:00-24:00) и склучен е Индивидуален договор со ХСЕ Мак Енерџи ДООЕЛ Скопје со договорена моќност  од 70 MW, количина 13.440 MWh по цена од 106,40  EUR/MWh.

Само за недела државната компанија за увоз на струја дала 178.752 евра. Од друга страна од ТЕЦ Неготино во саботата откако Телма објави за стопирање на процесот за производство на електрична енергија соопштија дека тоа меѓу другото се случило и поради „производната цена на ТЕЦ Неготино која во моментов  е повисока од берзанските цени и нема економска исплатливост да произведува.“

Цената на MW/h струја од ТЕЦ Неготино е помеѓу 145 и 160 евра во зависност од цената на мазутот и тековната побарувачка додека пазарната цена по која сега се купува е за минимум 40 евра поевтино. Од ЕСМ пак не наведуваат колкави се разликите.

Од ЕСМ Продажба велат дека струјата која ја набавуваат „со цел да ги исполни договорените обврски кои ги имаме склучено со Основни и Средни училишта, Градинки, Јавни претпријатија за водовод, Болници и други здравствени установи, Универзитети и Факултети  и други субјекти од витална важност во државата.“

Цената по која ЕСМ Продажба ја продава оваа енергија е со маржа со што се остварува дополнителен приход, соопштија од компанијата.

АД ЕСМ од производството од своите капацитети РЕК Битола, РЕК Осломеј, КОГЕЛ и обновливите извори на енергија, електричната енергија ја испорачува кон ЕВН ХОУМ кој е универзален снабдувач за домаќинствата и мали потрошувачи, односно над 70.000 мали бизниси како и најголемиот дел од количините за дополнително снабдување по субвенционирана цена за мрежата на ЕВН Електродистрибуција и МЕПСО

Количините на електрична енергија ЕСМ Продажба ги набавува на јавен и транспарентен начин преку објава упатена до трговците на електрична енергија кои изразиле заинтересираност за склучување договор со купување/продавање на електрична енергија. ЕСМ Продажба и понатаму навремено и транспарентно ќе ја информира јавноста за сите набавки и продажби на електрична енергија.

КОД: 20.000.000 евра анекс, камиони што чекаат полноќ, скап транспорт, барање поголема маржа- Како се цицале парите за мазут за ТЕЦ Неготино

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе