Вести Економија Топ вести

Ампева: Предлог-измените во Законот за работни односи на штета на работниците

Пратениците да не гласаат за измените и дополнување на Закон за работни односи, кои се однесуваат за изградбата на Коридорите 8 и 10д, порача на денешната прес конференција, Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“-Штип.

Иако знаеме колку скандали излегоа со тој закон од самата негова неуставност при носењето и одбирањето на една единствена компанија, иако слушаме постојано за надзорот при изградба каде разни сомнителни фирми ќе ги соберат 22,5 милиони евра само по однос надзор, сепак на власта и тоа и е малку и повторно се обидува и да го врати назад работното време и овој пат пазете со измени и дополнувања во ЗРО. Ова нешто веќе Уставен суд го оцени како неуставно воведувањето на прекувремена работа која е спротивна на Устав, на меѓу народно потпишани конвенции и позитивни законски одредби, вели Ампева

Посочи дека со новите измени Министерството за труд и социјална политика бара да се воведе прекувремена работа подолго од 8 часа неделно за проект како што вели кој се сметал од стратешки интерес на државата, дополнително и работење во недела кое за жал репрезентативниот синдикат им го дозволи да мине како што мина и сега само имаме преку 40 неважни дејности кои им е дозволено да работат, а сега се додава и во овие Предлог измени и дополнувања.

Стратешки е да размислуваш за доброто на работниците, зачувување и ценење на работничкиот труд и благосостојба, а не да се враќаме во феудализам и налагаме неуставни измени во закон за така еден скандалозен проект како што е изградбата на коридорот 8 и 10. Така да со оваа прес-конференција да упатиме порака до властите, министрите и пратениците, нема да дозволиме нова штета на грбот на работниците, вели Ампева. Забележа дека има други работи кои треба да се сменат во Законот за работни односи, во законот за трговија, како што се заштита на бремени жени, поврзување на евиденцијата на работното време со институција, ефикасна борба против сива економија и неплатен труд.

Ампева предурпеди дека нема да дозволат ова нема да помине, затоа што веќе воделе една успешна иницијатива пред Уставен суд.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Поништен е тендерот за прскање против комарци во Скопје, прескокнат е терминот за прскање за ларви, а комарците веќе се намножија

Дејан Дејан

Неоправдано и без основа е зголемувањето на цените на автомобилското осигурување, одлучи АСО

Дејан Дејан

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе