Ќе се гонат сите кои биле вклучени во процесот на лажни фактури, уверува вицепремиерот Битиќи. Според неофицијални информации со години увозниците на овошје и зеленчук пред Царинската управа прикажувале вакви фактури за увоз, за да платат помал данок. Иако, контролите на надлежните институции траат веќе неколку дена сѐ уште нема одговори кој се е вклучен во овие малверазции, ниту за колку пари е оштетен буџетот. Вицепремиерот Битиќи без точно да прецизира зошто толку време се чекало и се дозволило да се случува ова, рече само дека секој кој е инволвиран ќе одговара.
Ова е организран начин како се влегува, царинската управа пазарен и финансовата полиција конечно да се псрават со едне ваков феномен и ако се увиди дека тој е рписутен не само мна Кванташки туку насекаде во земјава подолго време инситуциите може да с евратата назад со контролите онолку колку што е потребо. Ќе се гонат сите кои биле учесници во иситот криминал финансиксиот криминал не застарува, рече битиќи.
Пазарните инспектори и денеска во конторла. Се проверува дали има залихи во магацините. Од инспекторатот за Телма велат дека за три дена направиле проверки кај над 30 увозници и кај трговци на големо и мало. Констатирано е дека во нивните складишта имало залихи на зеленчукови производи. Во дел од нив најдени се и 300 тони грав, кој требал да биде пуштен во продажба. Производите не биле одземени затоа што пазарна нема такви ингенерции. Сите овие ќе се соочат со парични казни кои се движат од 800 до 10.000 евра. Од ДПИ, предупредија дека во следните денови ќе продлжат со засилени контроли и секој кој нема да ја почитува владината одлука ќе биде санкциониран.
Акциите следат по средбата на министерот Бектеши со увознциите на овошје и зеленчук, кои пак реагираа дека замрзнатата цена на дел од земјоделските производи е прениска и неисплатлива.
Инаку, земјава најчесто увоз на овошје и зеленчук прави од Србија, Грција, Албанија, Косово. Но, има и компир кој доаѓа од Египет, а илјадници тони домати и пиперки се увезуваат и од Турција.
Ирена Чачкова
