Вести Економија Македонија Најважни

Пазарна инспекција на “гости” на Кванташки пазар и кај увозниците на зеленчук и овошје во повеќе градови

Повеќе од 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансисика полиција и Управата за јавни приходи, потврдија од Инспекторатот.

Инспекторите се и на Кванташки пазар во Маџари каде проверуваат како се применуваат мерките за замрзнување на цените на 11 видови зеленчук и овошје. Инспекции се вршат и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови.

И покрај замрзнувањето и ограничувањето на цените, на терен се уште може да се најдат производи со повисоки цени од граничните. Инспекцијата ќе проверува дали и зошто продавачите не ги усогласиле цените и колку влијаат на тоа трговците на големо.

Во првите четири месеци од годината кај нас најмногу се увезува зеленчук и овошје од Турција, Грција, Албанија и Србија. Со Србија и Албанија кои се во ЦЕФТА нема царини, а со Грција и Турција има, а се плаќа и 5 насто ДДВ за увезеното овошје или зеленчук.

Со одлука на Владата од 5 април се определени највисоките цени во трговијата на мало за свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони.

Килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

Лажните фактури ги „стопија“ замрзнатите цени на владата- идната недела повисоки цени на доматите и краставиците

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес од 4,1 степени во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Почина таткото на Тоше Проески – Никола

Дејан Дејан

(ФОТО) Една година по масакрот во „Рибникар“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе