Вести Македонија Најважни

Лажните фактури ги „стопија“ замрзнатите цени на владата- идната недела повисоки цени на доматите и краставиците

Ќе се зголеми замрзнатата цена на доматите и краставиците. Иако, пред два дена се ограничија сумите по кои треба да се продаваат овошјето и зеленчукот, сега кај одредени видови ќе има корекции, затоа што последните  дена поскапел увозот, а се прикажувале и фиктивни фактури.

Ова го соопшти министерот Бектеши по состанокот со увознците на овошје и зеленчук,  но уверува дека  откако ќе се корегираат, ниту еден производ нема да  чини повеќе од 100 денари.

Бектеши призна дека со тоа што дел од увознците прикажувале лажни пониски фактури пред Царинската управа,  се создала погрешна слика за тоа колку точно тие требало да поевтина. Реалните фактури пак покажале зголемени увозни давачки и затоа е неопходна корекција.

Колку овие лажни фактури го оштетиле буџетот допрва ќе се проверува. Бектеши ги потцети увозцните дека затајувањето данок е кривично дело.

Најчесто увоз се прави од Србија,  Грција, Албанија, Турција. Но,  Бектеши уверува дека во слендиот период  тој ќе биде намален. На почетокто на неделава Владата одлучи  доматите да не може да се продаваат повеќе од 70 денари, исто и карфиолот.

Краставицата да  има највсока цена од 75 денари, а кромидот 60. Цената на зелените пиперки се ограничи на 90 денари ,  на гравот на 75, а на леќата на 110 денари. Се замзна цената на мандарините на 60 денари, на лимоните на 55. Во последните месец и половина се донеоа одлуки за змазнување на низа производи, но инфлацијата од минатито месец до овој падна за само 2 проценти.

Според последниот податок на статистика во март таа изнесува 14, 7 отсто. Бектеши се надева дека во слендиот период таа ќе биде уште пониска.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иранците тврдат: Нема нови обврски за нуклеарната програма по разговорите со САД

Sasko Dimovski

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Владата во Прага го иззема претседателот Павел за самитот на НАТО во Анкара – конфликт меѓу државниот врв на Чешка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе