Вести Македонија Најважни

Поставување камен темелник за коридорите 8 и 10Д- За свеченоста ќе се погрижи повторно „Арбериа Дизајн“

„Арбериа дизајн“ е фирмта која ќе ја организира денешната свеченост за поставувањето на камен темелник на коридорите 8 и 10Д. „Арбериа дизајн“ е фирма која често ги организира владините настани. Лани беше ангажирана од Министерството за политички систем со кое раководи Артан Груби за прославата на годишнината од Рамковниот договор, а годината претходно и за прославата на Денот на албанската азбука. Таа стана и еден од најголемите играчи во бизнисот со учебниците по воведувањето на Кембриџ-програмата во 2014 година. Во 2015 г. беше најголемиот поединечен донатор на ДУИ.

Екипата на Телма вчера беше на местото каде денеска ќе се одржи и церемонијата. Забележавме и комбе на фирмата  „Арбериа“ .  Го контактиравме  преставникот дали е ангажиран за денешната манифестација.  Ниту  негираше, ниту  потврди.

Точно на пладне ќе се одржи свечена церемонија со која ќе се означи стартот на како што велат од Владата досега најголемиот инфраструктурен проект кој што е со сомнителен надзор, кој ќе чини 1, 3 милијарди евра, а за кој ќе бидат потребни и уште 300 милиони евра за експропријација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Истражувањето покажа: Американците не им веруваат на медиумите и новинаритe

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе