Спорт Тенис

Квитова славеше во Мајами за јубилејна 30-та титула во кариерата (ВИДЕО)

Петра Квитова го освои мастерс тенискиот турнир во Мајами откако синоќа во големото финале ја совлада Елена Рибакина. Машкото финале се игра вечерва од 19 часот, а се среќаваат Јаник Синер и Данил Медведев.

Квитова успеа да ја прекине победничката низа на Рибакина од 13 мечеви по ред со триумф во два сета. Првиот траеше повеќе од еден час, а тенисерката од Чешка славеше во драматичен тајбрејк со 16-14. Во вториoт сет беше далеку поубедлива и со 6-2 ја освои својата 30-та титула во кариерата, а деветта на мастерс турнирите. Интересно е тоа што цел турнир таа загуби само еден сет.

Благодарение на триумфот во Мајами, Квитова од утре ќе се врати помеѓу најдобрите 10 тенисерки на ВТА ранг-листата за прв пат по септември 2021 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Маркез ја освои 93-тата пол-позиција во кариерата, Мартин најбрз на спринтот во Шпанија

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе