Спорт Тенис

Синер го елиминираше Алкараз, Ѓоковиќ повторно ќе биде рекет број 1 (ВИДЕО)

Јаник Синер го совлада првиот носител Карлос Алкараз и закажа финале против Данил Медведев на мастерс тенискиот турнир во Мајами. Поразот на Шпанецот значи дека Новак Ѓоковиќ од понеделник се враќа на првото место на АТП листата.

Синер и Алакараз одиграа возбудливо полуфинале утринава на кое славеше Италијанецот и тоа со пресврт. Шпанецот го доби првиот сет во тај-брејкот со 6-7, но Синер се врати со 6-4 и 6-2 во следните два сета за да се одмазди за поразот во полуфиналето на Индијан Велс пред две недели. Поразот на Алкараз значи дека младиот Шпанец од понеделник ќе го загуби првото место на АТП-листата, каде кам-бек ќе направи Новак Ѓоковиќ, кој ги пропушти двата мастерси во САД откако не доби дозвола за влез во земјата, бидејќи не е вакциниран против Ковид-19.

Синер во големото финале утре ќе се соочи со Данил Медведев, кој пак во рускиот дуел го совлада Карен Хачанов во три сета со 7-6, 3-6 и 6-3. Интересно е тоа што Италијанецот во меѓусебните дуели со Русинот нема победа во сите пет пресметки досега.

Вечерва во 21 часот се игра финалето во женска конкуренција во Мајами во кое ќе се соочат Елена Рибакина и Петра Квитова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европското првенство во Задар

Дејан Дејан

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе