Спорт Тенис

Вимблдон ја симна забраната за тенисери од Русија и Белорусија

Организаторите на третиот Гренд слем турнир во сезоната што се игра на терените во Вимблдон донесе одлука да им дозволи на тенисерите од Русија и Белорусија да бидат дел од натпреварувањето што ќе се одржи оваа година.

“Го прифаќаме пријавите на тенисерите од Русија и Белорусија да бидат дел од турнирот, но под еден услов, тие да учествуваат како неутрални спортисти и да исполнуваат одредени услови”, се вели во официјалното соопштение.

Првиот човек на All England клубот, Иан Хјуит истакна дека ова е тешка одлука, но сепак е решено забраната да се укине.

“И натаму во целост ја осудуваме руската инвазија врз Украина. Даваме целосна поддршка за украинскиот народ”, истакна Хјуит.

Што се однесува до условите кои мора да се исполнат, примарно е тенисерите во ниту еден момент да не даваат поддршка на инвазијата, а ќе им се забрани настап на оние играчи кои имаат финансиска поддршка од владите на Русија и Белорусија.

Откако и официјално е укината забраната за настап на Вимблдон, АТП веднаш реагираше и соопшти дека бодовите освоени на турнирот ќе се пресметуваат при објавувањето на најновите ранг листи.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе