Економија Магазин

Алкалоид- водечки инвеститор во регионот откако за 5 години направи 104,1 милиони евра инвестиции

За инвестираните 104,1 милиони евра во изминативе 5 години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан го прогласи „Алкалоид“ за водечки инвеститор во регионот

По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на Коморскиот инвестициски форум

Првата награда во категоријата „Водечки инвеститор (шампион) во земјите од Западен Балкан“ му беше доделена на „Алкалоид“ АД Скопје, презентирана на пригодна церемонија организирана за оддавање признанија за достигнувањата на најдобрите и најуспешните компании во регионот.

Имајќи го предвид значењето на континуираното инвестирање и унапредување во сите сегменти од работењето, високо позиционирано како една од клучните стратешки определби во деловната политика на „Алкалоид“, оваа награда претставува уште една значајна потврда за достигнувањата на компанијата:

„Во својата долга историја, ‘Алкалоид’ минал низ бројни предизвици, но една фактичка констата во текот на деветдеценискиот развој биле инвестициите, кои во изминативе три децении се насочени кон градење и проширување на производствените капацитети, капацитетите за истражување и развој, инсталирање на модерна опрема, лаборатории, технологии, модерен софтвер и добро обучен кадар. Само во изминативе 5 години, инвестиравме 104,1 милиони евра во земјите во регионот, интегрирајќи ги нашите операции за целите на подобро водење на дејноста од нашата база во Македонија. На овој курс сме решени да останеме и во иднина, работејќи на глобализација на брендот ‘Алкалоид’, достоинствено и посветено, со практикување на високи етички стандарди, кредибилиет и професионален пристап во севкупните операции“ – изјави Генералниот директор/ Претседател на УО на компанијата, Живко Мукаетов.

Коморскиот инвестициски форум е заедничка иницијатива на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, кооснован од Европската Унија, која ги претставува интересите на повеќе од 350.000 компании во насока на спроведување на заеднички активности кои се од интерес за бизнис-заедницата од регионот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тенкиот паричник каска зад високите велигденски цени

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе