Вести Економија Топ вести

Македонија е фабрика за кадар за ЕУ – младите бегаат заради криминал, корупција и ниски плати

Македонија е фабрика којашто подготвува кадар за земјите од Европската унија. Младите вака гледаат на државава која, како и соседите од регионот, е силно погодена од миграцијата. Ќе дојде ли ЕУ кај нас или младите ќе отидат во Унијата?!

Нема конкретни бројки околу тоа колку квалификуван кадар си заминал во европските земји. Но, дебатите, дискусиите и истражувања на невладините не изостануваат.

Проблемите се бројни, решенија засега нема.

– Минатата недела имаше истражување дека РС Македонија е најнесреќната земја во регионот. Ова кажува дека освен тоа што немаме атрактивни плати за младите и населението, исто така, немаме и културен и забавен живот, за тие да останат и да кажат дека навистина би сакале да живеат овде, рече Бленди Ходаи, Извршен директор на Форумот за образовни промени.

 

– Тука би ја споменала и дискриминацијата, корупцијата со којашто се соочуваме како општество, како и недовербата кон младите луѓе, вели Викторија Постоловска, Студентски правобранител на УКИМ.

Надлежните во изјавите секогаш се на иста линија со младите околу горливиот проблем како што е масовното иселување, но сѐ уште се ветуваат мерки и се бараат решенија.

– Изработуваме пакет-мерки. Тие економски пакет-мерки се за да најдеме начин како да ги мотивираме компаниите за да го задржат кадарот кој го завршува практичното образование, но исто така и како да се најде начин за платите да бидат повисоки од постоечките коишто се нудат на пазарот на труд, смета министерот за образование Јетон шаќири.

Досега се слеани милиони евра за прекугранична соработка и други слични проекти. Обидите се да се постигне поголемо учество на младите во носењето на одлуки – почнувајќи од локално ниво, нешто за што бројни истражувања и анализи досега покажаа дека е сведено на нула.

Невладините оценуваат и дека треба да се реформира образованието коешто веќе е „со истечен рок“ и е една од главните причини зошто млади најпрво одбираат да се доедуцираат во странство.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Охридското обвинителство ги истражува причините за смртта на 7-месечното бебе од Вевчани

Дејан Дејан

Снаата пронајдена мртва, деверот почина на клиника – двојно убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Ѓузелов во „Топ тема“: И оние кои религиозно ја употребуваа придавката Северна, во предизборната кампања почнаа да не ја користат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе