Спорт Тенис

Ван де Зандшулп го елиминираше третиот носител Руд

Холанѓанецот, Ботик ван де Зандшулп го направи најголемото изненадување во шеснаестина финалето на вториот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Мајами.

Триесет и вториот тенисер на светот во три сета со 3:6,6:4 и 6:4 го совлада третиот фаворит на турнирот Данецот, Каспер Руд.

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз беше поуспешен од Душан Лајовиќ совладувајќи го со 6:0 и 7:5, а фаворитот број 4, Данил Медведев забележа победа во дуелот против Алекс Молчан од Словачка.

Шестиот носител Андреј Рубљов го елиминираше Миомир Кецмановиќ, Холгер Руне триумфираше над Диего Шварцман, а Тејлор Фриц го совлада Денис Шаповалов.

Пласман во осминафиналето обезбедија уште Јаник Синер, Томи Пол и Емил Русовуори кој славеше во дуелот против Таро Даниел.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Официјално: Жиру го напушта Милан и продолжува во Лос Анџелес

Дејан Дејан

Заборски петти на ЕП во Задар, машкиот тим во борби го освои 7.место

Дејан Дејан

РФМ: Благодарност до цела македонска ракометна јавност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе