Спорт Тенис

Медведев експресно, Циципас не ни одигра и стигна до 3.коло во Мајами

На мастерс тенискиот турнир во Мајами, Данил Медведев без проблеми стигна до 3.коло откако фуриозно го совлада Роберто Карбаљес Баена.

Рускиот тенисер се врати на победничките патеки по поразот во финалето на Индијан Велс, но синоќа немаше многу мака со Шпанецот на кој му препушти вкупно три гема, односно славеше со 6-1 и 6-2. Во следната трета рунда, Медведев ќе игра со Алекс Молчан, кој во три сета го победи  Јошихито Нишиока. Стефанос Циципас не одигра со Ришар Гаске, кој се повлече од настапот, па Гркот без мака оди во следната рунда, каде ќе игра со Кристијан Гарин.

Шестиот носител Феликс Оже Алиасим одигра два сета во тај-брејкот, но го скрши отпорот на Тијаго Монтеиро. Во следната рунда се и Карен Хачанов и Франсес Тијафо.

Утринава неколку високо пласирани тенисери испаднаа во Мајами, а тоа се Камерон Нори, Матео Беретини, Алекс де Минор и Даниел Еванс.

Кај тенисерките веќе се игра третото коло. Елена Рибакина спаси меч топка и ја продолжи низата победи на десет меча откако ја совлада Паола Бадоса со 3-6, 7-5 и 6-3. Во следното коло тенисерката од Казахстан ќе игра со Елис Мертенс. Анастасија Потапова ја изненади домашната фаворитка и шеста носителка на турнирот, Кого Гоф со 6-7, 7-5 и 6-2.

Магда Линете ја победи Викторија Азаренка во три сета, а пласман понатаму обезбедија и Јелена Остапенко и Џесика Пегула.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе