Вести Економија

Цените на нафтата паѓаат на 72 долари, инвеститорите стравуваат од рецесија

Цените на нафтата денеска паднаа на меѓународните пазари до 72 долари, под притисок од стравувањата дека ризиците во глобалниот банкарски сектор и потенцијалниот пораст на каматните стапки во САД би можеле да предизвикаат рецесија што ќе ја намали побарувачката.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака околу пладне беше за 87 центи пониска во однос на затворањето на тргувањето на крајот на минатата недела и изнесуваше 72,10 долари. Минатиот петок го затвори тргувањето со загуба од 1,73 долари.

Само пред две недели цента на барел на лондонската берза беше над 86 долари што значи дека падот за 14 дена е повеќе од 16%.

На американскиот пазар барелот со датуми на испорака во април денеска се тргуваше за 85 центи пониско, на 65,89 долари. Минатиот петок ја затвори трговијата во минус од 1,61 долар. Денеска поактивно се тргуваа со барели со датум на испорака во мај, чија цена се лизна на 66,11 долари.

Централните банки успеаја да го смират најлошото од стравот, а нафтата привремено врати дел од загубите. Но, и покрај тоа, акциите и обврзниците на банките денеска повторно ослабеа, што сигнализираше дека довербата на инвеститорите се уште не е вратена.

Дизелот поевтинува за 1,5 денари, бензинот за половина денар

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Амандманот не се прифаќа – повторуваше министерот за правда Филков и одби 50 предлози на опозицијата за судските закони

Дејан Дејан

Еуросупер БС-95 за три и пол денари, Еуросупер БС-98 за четири, дизелот за седум – поевтини цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Ќе одговара за убиство со умисла на Крит – поднесено обвинение против македонски државјанин во Грција

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе