Вести Македонија Најважни

Телма дознава: Од понеделник замрзната цена и на јајцата

Од понеделник се замрзнува и цената на јајцата, велат извори за Телма. Најверојатно  претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и  млечните производи, туку ќе се замрзне  цената по која јајцата во моментов  се продаваат.  Производителите  кои ги контактираше Телма велат дека за нив е прифатливо  да се ограничи  сегашната сума  и пред  Велигден да не може да има поскапувања,  а секој кој смета  дека може нека ја намали и  дополнително. Дали ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот  е  незивесно.  Надлежните се уште ги разгледуваат анализите.

И граѓаните сметаат дека намалување треба да има и кај другите продукти.

Пазарните инспекторите и за време на викенд во контрола. Нивните анализи покажуваат дека најдисциплинирани за сега се  трговците во Скопје.  Во главниот град  деновиве не се утврдени  неправилнсоти. Најнепослушни биле во Охрид. Од вкупно четири економски субјекти кои ја  прекршиле одлуката,  два се од таму,  и по еден во Кичево и Битола. Тие продавеле поскап леб и млечни производи.  Тие вкупно ќе треба да платат над 18.200 евра. Од пазарен ветуваат дека од понеделник нивните  имиња ќе  бидат и јавно објавени.

-Да заврши и денешниот ден во понеделник ќе ги соопштиме називите кои не ги почитувале одлуките. Законите ќе важат за сите и нема да има никаква селекција, вели Горан Трајковски, директор на пазарен инспекторат.

Апелираат до граѓаните да продолжат да пријавуваат неправилности до нив.

Од пред два дена тестенините се продаваат  за 15 проценти поевтино, а млекото и млечните производи за 10 отсто. Претходно на 33 денари се ограничи и цената на белиот и полубелиот леб. Ваквите одлуки за замрзнување на цените дојдоа откако дел од прехрамбените фирми  три месеци користеа евтина субвенционирана струја и иако  требаше не ги намалија цените, тоа не го направија. Дали  ќе помијнат само со укинување на оваа помош или  за нив ќе има и други санкции дополнително ќе се утврдува колку не тоа законски.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Над 20 повредени во автобуска несреќа во западна Германија

Дејан Дејан

Автобус падна од мост во Јужна Африка, загинаа 45 луѓе, преживеа само едно осумгодишно дете

Дејан Дејан

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе