Спорт Формула 1

Перез на пол-позицијата во Саудиска Арабија: Ферстапен ќе стартува од 15.место

Серхио Перез од Ред Бул ќе стартува од пол-позицијата за утрешната трка за Големата награда на Саудиска Арабија во рамки на Формула 1 шампионатот. Актуелниот светски шампион Макс Ферстапен поради проблеми со болидот не постави време во втората квалификациска сесија.

Мексиканецот втора година по ред е на пол-позицијата во Џеда откако денеска имаше најбрзо време во третата квалификациска сесија од 1:28,265 минути. Шарл Леклер беше втор, но возачот на Ферари утре на стартот ќе биде на 12-тата позиција поради казната и промената на електрични компоненти во неговиот болид.

Трето време денеска имаше Фернандо Алонсо, а зад него ќе стартува Џорџ Расел. Најдобрите 10 ги комплетираат Карлос Сајнц, Ленс Строл, Естебан Окон, Луис Хамилтон, Оскар Пиастри и Пјер Гасли.

Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше механички проблем со болидот во втората квалификациска сесија па не успеа да постави време и утре ќе стартува од 15.место.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе