Спорт Тенис

Алкараз го елиминираше Кокинакис за трето коло во Индијан Велс

На првиот турнир од Мастерс серијата што се одржува во Индијан Велс денот мина без изненадувања.

Карлос Алкараз во два сета со 6:3 и 6:3 триумфираше над Танаси Кокинакис. Четвртиот носител Тејлор Фриц со 2:1 беше поуспешен од Бен Шелтон, Холгер Руне забележа победа со 7:5 и 6:3 над Мекензи МекДоналд, Хуберт Хуркач го совлада Алексеј Попирин додека Феликс Оже Алиасим го елиминираше Педро Мартинез.

Турнирот заврши за 16-от фаворит Алекс де Минаур по поразот од Мартон Фусович додека пласман во третото коло обезбедија уште Енди Мареј, Станислас Вавринка, Томи Пол, Адријан Манарино и Јаник Синер.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе