Спорт Тенис

Мареј со нов пресврт стигна до втората рунда во Индијан Велс (ВИДЕО)

Утринава се комплетираше првото коло на мастерс тенискиот турнир во Индијан Велс. Енди Мареј годинава се специјализираше за победи со пресврт.

Мареј го совлада Томас Мартин Ечевери во три сета. Британецот го загуби првиот во тај-брејкот, но успеа да направи пресврт и со 6-1 и 6-4 да стигне до втората рунда, каде ќе се соочи со Пабло Карењо Буста.

Уште еден ветеран успеа да ја мине првата рунда, а тоа е Станислас Вавринка. Швајцарецот со 6-4, 1-6 и 6-1 го победи Александар Вукиќ. Ришар Гаске исто така е во второто коло, но Доминик Тим никако да се врати на старите патеки и загуби од Адријан Манарино во три сета. Фабио Фоњини испадна од Бен Шелтон во два сета. Пласман понатаму обезбедија и Танаси Кокинакис,  Мартон Фучович, Џек Сок и Алексеј Попирин.

На женскиот дел од турнирот, Ема Радукану славеше со 6-2 и 6-3 против Данка Ковиниќ за прогрес во втората рунда. Софија Кенин со 6-4 и 6-1 ја изненади Слоун Стивенс, а поразена е и Даниел Колинс од Далма Галфи во два сета со по 6-4. Пласман во второто коло обезбедија двете тенисерки од Чешка, Маркета Вондрусова и Каролина Мухова, како и Романката Сорана Чирстеа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ливерпул ќе плати 11 милиони евра обештетување за новиот тренер

Дејан Дејан

Најголемиот тест сезонава за МЗТ: Во „Јане Сандански“ гостува Спартак Суботица

Дејан Дејан

Далас води против Клиперс, Феникс близу да добие „метла“ од Минесота (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе