Откако Охридското обвинителство експресно го стокми обвинението за нападот врз македонскиот Бугарин Христијан Пендиков, Основниот суд во Охрид за 28 февруари кај судијата Бојан Мартиноски, веќе го закажа и судењето за напаѓачот. Нему ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди. Иако обвинетиот се бранел со молчење, како што информираа од ОЈО за Телма минатата недела, тој се товри за ова кривично дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Но, обвинителството нема официјална потврда дека другиот напаѓач кој е во бегство имал бугарско државјанство, со што се отвори прашањето дали нападот може да се квалификува дека е од омраза поради национална или етничка припадност.
Во меѓувреме, Пендиков, кој веднаш по инцидентот што с еслуи на 19 јануари, со авион беше транспортираан на лекување во Бугарија ги собира привилегиите од бугарската држава, па покрај државјанство, стан и обезбедување, ќе добие и стипендија да студира во Софија. Ова го соопшти потпрестедателкта на Бугарија Илијана Јотова која во амбасадата на Бугарија во Скопје се сретна со претставници на бугарските здруженија во Македонија, па во стилот на класичната бугарска пропаганда им се заблагодари на храброста да ја браната како што рече својата бугарска самосвест.
Македонско бугарските односи по се изледа повторно ќе бидат во фокусот на камапњата во Бугарија која се движи кон нови предвремени парламентарни избори, петти по ред за 2 години, предвидени за април годинава. Но, бугарската агенда е поширока , па пред да се сретне со македонците со бугарска самосвест, Јотова пронајде Бугари и во Косово, и разговараше со тамошните власти за нивно признавање како бугарска заедница со загарантирани права.
Емилија Мисирлиевски