Вести Македонија Најважни

Муртезани во интервју во „Топ тема“: СДСМ нуди ресори кои ѝ припаѓаат на Алтернатива – тоа е непочитување на договорот од декември во 2021 година

Функциите не се толку битни за нас во Алтернатива. Можам да разберам како функционираат функционерите на ДУИ кои се 20 години на власт и ако утре не бидат функционери, не знаат како ќе го започнат денот. За нас не е важно дали сме на функција или не, рече Орхан Муртезани, генерален директор на МЕПСО и портпаролот на Алтернатива во вечерашното интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ, во врска со најавите за проширување на владината коалиција со влез на Алијанса за Албанците.

„Дали истите наши личности ќе ги носат истите функции и во иднина или не, е оставено во рацете на претседателот. За нас круцијално е тој потпишан договор што го имаме од декември во 2021 година за влез во владата, да си го испочитуваме до крај и како што знае јавноста ние не сме тие што го проблематизираат или не го почитуваат остварувањето на тој договор“, вели Муртезани во одговор на прашањето за поделбата на функциите во државните институции при евентуален влез на Алијанса за Албанците во владата.

При влезот во владата, вели Муртезани, Алтернатива инсистираше сите преговори да ги води исклучително со СДСМ. И во тој процес, додава тој, партијата пристапила внимателно за градење на соработка до наредните избори, односно со 2024 година.

„И во време кога постојат преговори за проширување на парламентарното мнозинство и во момент кога одредена политика партија ги нуди ресорите што со договор ни припаѓаат на нас, на Алтернатива, тогаш слободно може да кажеме дека е непочитување на договорот што е потпишан во декември во 2021 година“, истакна Муртезани, алудирајќи на СДСМ.

Сè додека нема завршница на преговорите меѓу СДСМ и Алијанса, посочи Муртезани, во Алтернатива не знаат дали тоа ќе се одрази врз нивниот договор со СДСМ.

„Имаме принципиелен став што сме го повториле неколку пати, а тој е дека ние нема да преговараме преку медиуми. Сметаме дека принципите врз кои сме дошле до тој договор се многу поцврсти од испраќање пораки преку медиумите, било тоа да е брифирање од Алијанса или СДСМ. Затоа ние инсистираме и до крај ќе инсистираме на нашиот договор што го имаме потпишано“, нагласи првиот човек на МЕПСО и секретар за односи со јавност во Алтернатива.

Самата политика е компромис и сите учесници во дневно-политичкиот живот во одредени моменти се подготвени за одредени компромиси, вели Муртезани. Меѓутоа, додаде тој, „не може да се дојде до компромис со газење врз интегритетот на една политичка партија која пред една година беше клучна и најзаслужна за денеска да имаме парламентарно мнозинство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лага или вистина патот Градско – Прилеп траса за обвинувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Дејан Дејан

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе