Калин Ивановски продолжува со одличните настапи на ИТФ турнирите во Тунис.
Најдобриот македонски тенисер на турнирот во Монастир што се игра за награден фонд од 15.000 долари успеа да се пласира во четвртфиналето откако во меч што траеше 77 минути во два сета со 6:2 и 6:1 триумфираше над Полјакот, Олаф Пјечковски.
Ивановски кој е поставен за прв носител на турнирот за влез во полуфиналето ќе се соочи со осмиот фаворит Артур Букие од Франција, кој денеска беше поуспешен од Шпанецот, Давид Перез Санз совладувајќи го со 7:6 и 6:2.
ФОТО: Игор Паневски
