Спорт Тенис

Ѓоковиќ скокна четири места и повторно е светски рекет број 1

Новак Ѓоковиќ по вчерашниот триумф на Австралија опен од денеска и официјално повторно е најдобар светски тенисер на АТП ранг-листата.

Со освојувањето на својот 22-ри грен слем трофеј, српскиот тенисер заработи 2.000 АТП поени доволно за да направи скок од четири места и да го врати приматот рекет број 1. Ѓоковиќ сега има 7.070 поени и го турна на второто место Карлос Алкараз, кој не играше во Мелбурн поради повреда. Финалистот од Австралија опен, Стефанос Циципас се искачи една позиција и сега е трет, потоа следуваат Каспер Руд и Андреј Рубљов.  Рафаел Надал падна четири позиција и сега е шести, а најдобрите 10 светски тенисери ги комплетираат Феликс Оже Алиасим, Тејлор Фриц, Холгер Руне и Хуберт Хуркач. Интересно е тоа што Данил Медведев испадна од ТОП 10 и сега се наоѓа на 12.место.

Кај тенисерките, Ига Швјонтек и покрај слабиот настап на Австралија опен останува на првото место на ВТА-листата 44-та недела по ред. Шампионката Арина Сабаленка се искачи три позиции и сега е втора пред Онс Жабер, Џесика Пегула и Каролин Гарсија. Коко Гоф е шеста, а потоа следуваат Марија Сакари, Дарија Касаткина, Белинда Бенчиќ и финалистката од Австралија опен, Елена Рибакина која скокна 15 позиции и прв пат во кариерата влезе помеѓу најдобрите 10 тенисерки на светот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе