Спорт Тенис

Азаренка по една деценија полуфиналистка во Мелбурн

Поранешниот светски рекет број 1 кај дамите и двојна шампионка на Отвореното тениско првенство на Австралија, Викторија Азаренка по точно една деценија пауза успеа да се пласира во полуфиналето на првиот Гренд слем во сезоната.

Триесет и три годишната Белорусинка во четвртфиналето триумфираше во два сета со 6:4 и 6:1 над третата фаворитка на турнирот Џесика Пегула.

Азаренка за настап во шестото Гренд слем финале во кариерата ќе се бори со Јелена Рибакина од Казахстан која  во меч што траеше 79 минути славеше со 6:2 и 6:4 над Летонката, Јелена Остапенко.

Во останатите два четвртфинални дуели кои се на програмата утре ќе се сретнат Каролина Плишкова – Магда Линет и Ирина Сабаленка – Дона Векиќ.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе