Спорт Тенис

Алкараз се повлече од настап на Австралија опен

Светскиот рекет број 1 Карлос Алкараз ќе го пропушти првиот сезонски грен слем турнир Австралија опен поради повреда.

Шпанецот се повлече од настапот во Мелбурн поради тоа што не успеа да се рехабилитира од повредата на задниот бутен мускул. Тој нема одиграно комптетивен тениски меч уште од 4.ноември, кога заработи абдоминална повреда на мастерсот во Париз.

„Работев многу напорно за да го гостигнам моето најдобро ниво за Австралија, но за жал нема да бидам во можност да играм. Тешко е, но морам да бидам оптимист, да се рехабилитирам и да гледам напред. Австралија опен ќе се видиме во 2024 година“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.

Откако се скачи на првото место на АТП ранкингот и ја заврши 2022 година како најдобар светски тенисер, младиот Шпанец пропушта два големи турнири, завршниот мастерс од минатата година и првиот грен слем во 2023 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија

Sasko Dimovski

Хет-трик на Меси против Алжир за победнички вовед на Аргентина во одбрана на мундијалската титула

Sasko Dimovski

Мбапе со рекорд ја одведе Франција до стартна победа на Мундијалот

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе