Стојан Спасов, 26 годишен македонски државјанин кој аматерски се занимавал со спорт пред три дена бил убиен во Бугарија- објавија повеќе веб медиуми. Тој бил пронајден мртов пред шопинг мол. Неговото тело е на обдукција и се уште не се знае причината за смртта. Од МНР во Скопје велат дека веднаш стапиле во контакт со бугарските надлежни органи и заеднички работат за расчистување на случајот.
Според информациите на Телма тој подолг период живеел во Софија каде имал изнајмен стан. Неговите родители и блиски пријатели се во шок за ситуацијата и апелираат до македонската полиција да истражи повеќе за случајот и бараат помош да се вратат неговите посмртни останки во Македонија.МНР соопшти дека контактирале со семејството и ќе помогнат во враќањето на починатиот Спасов.
Тамара Марковска