Ферплеј

ФЕРПЛЕЈ со Јана С02ЕП12 – со Дарко Мицевски и Александар Бајевски

Со двајца „Вардарци“ во студиото, капитенот Дарко Мицевски и спортскиот директор Александар Бајевски викендов ги сумираме впечатоците од прославата по повод 75 години од формирањето на ФК Вардар и 35 години од формирањето на навивачката група Комити.
Во пренесуваме каква беше атмосферата на „Градски“ и низ улиците на Скопје.
Дознаваме колкава е жртвата но, истовремено и колку е голема честа и одговорноста да се носи „Црвено-црниот“ дрес, во деновите кои се тешки за клубот но постои голема цел: Вардар да опстане и да се врати онаму каде што припаѓа, во Првата македонска фудбалска лига.
Ги коментираме и интересните случувања на Светското фудбалско првенство, харизмата на дел од селекциите и играчите,  а и за тоа кои се фаворитите за освојување на најпрезтижната фудбалска титула.
Гледајте Ферплеј со Јана,
Недела, во 16:15 на Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Немам проблем да бидам Македонец каде и да работам

Дејан Дејан

Охрид домаќин на најдобрите триатлонци од Балканот

Дејан Дејан

Секој сака пехарот ,,Македонски бисер” да го подигне

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе