Вести Свет

Саудискиот крал Салман по триумфот над Аргентина: Утрешниот ден го прогласи за национален празник, никој нема да работи

Честопати може да се слушне фразата дека фудбалот е повеќе од игра, а денеска од Ријад стигнува и нова потврда за тоа. Саудискиот крал Салман соопшти дека утрешниот ден го прогласува за национален празник и неработен за сите по големата победа на фудбалската репрезентација против Аргентина на Светското првенство во Катар.

Освен за работниците, со одлуката на саудскиот монарх се опфатени и учениците и студентите кои ќе бидат ослободени од нивните академски обврски.

Кралот Салман има 86 години. Роден е во главниот град Ријад и кралската титула ја носи од 2015 година.

По денешната победа на фудбалската репрезентација, дополнително се зголеми и интересот за Мундијалот во земјата, па авиокомпанијата „Саудиа“ најави зголемување на бројот на еднодневни летови кон Доха, каде Саудијците ќе може да ги гледаат останатите два меча на националниот тим во групата Ц против Полска (26 ноември) и против Мексико (30 ноември).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Узунов: Секој буџет е нереален во декември кога се носи, на средина на годината мораме да имаме ребаланс

Sasko Dimovski

Митевски: Капиталните и сите други расходи кои не се трансфери и плати ќе бидат опфатени со ребалансот на буџетот

Sasko Dimovski

Ѓорѓиоски и Сејдини одобриле и потпишале 728 налози, се сомничат за финансиски криминал во ФФМ од близу три милиони евра – во шемата и раководителката на Одделението за финансии

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе