Вести Економија

Во првите 9 месеци Макпетрол со раст на приходите (72%) и стабилна добивка (15,45 милиони евра)

„Макпетрол“ со 9-месечниот финансиски извештај за трите квартали од 2022-ра се потврдува како домашна нафтена компанија со солидни бизнис и финансиски резултати. Во еден од најкризните периоди во поновата историја на Македонија (висока инфлација и енергетска неизвесност) домашната нафтена компанија покажа резултати кои ја издигаат на ниво на стабилен и доверлив деловен партнер на македонската економија.

„Макпетрол“ покажа нето добивка од над 15 милиони евра за првите девет месеци од годинава, а во периодот од јануари заклучно со септември годинава прикажа значителен раст на приходите, за 72 % повеќе отколку во истиот период минатата година.

Од работењето во првите три квартали, „Макпетрол“ остварил приходи од 451 милиони евра, со што е најдобро е илустриран растот на работењето, којшто ги потврдува сигурноста и перспективноста на основниот бизнис на компанијата.

На приходната страна на Билансот на успех во извештајот објавен преку Македонската берза, е наведено дека во оперативните приходи, најголем удел имаат приходите од продажбата, кои пораснале речиси двојно или за 81 %, во вкупен износ од 448 милиони евра.

Притоа, растат приходите и на домашниот и на странскиот пазар. Приходите од продажбата во земјава се доминантни и во првите девет месеци од годинава биле на ниво од 421 милиони евра, што е зголемување за 76%. Од друга страна, приходите од продажбата на странскиот пазар, имаат многу помало учество во вкупните приходи но имаат огромен раст оваа година.Односно во првите девет месеци се остварени 27 милиони евра во странство, што во однос на истиот период лани е зголемување за 232 %.

Намалување има единствено кај ставката останати оперативни приходи, кое пак се должи на фактот што лани во таа ставка беше прокнижена капиталната добивка на компанијата остварена од продажбата на акцијата во ГА-МА.

Во актуелниот извештај го нема тој приход, па во првите девет месеци од годинава тие се на ниво од 3,2 милиони евра. Забележано е намалување во овие приходи од 79% (15,1 милиони евра лани).

Билансот покажува дека и без капиталната добивка од ГА-МА, најголемиот македонски нафтен дистрибутер остварува одлични приходи и финансиски резултат, многу повисок од претходните години, што говори за солиден раст преку кој се реализира и развој на компанијата.

Во билансот за оперативните расходи е наведено дека во првите три квартали тие изнесувале 436 милиони евра (раст од 80%) и се должат главно на зголемената набавна вредност на трговските стоки. Зголемување има и во ставката за трошоците за суровини, а трошоците за вработените се зголемени за 13 отсто, што покажува на зголемување на платите и на нови вработувања во компанијата.

„Макпетрол“ во првите девет месеци од годинава остварил нето добивка по оданочување од 950 милиони денари, односно 15,45 милиони евра, што укажува на одличен финансиски резултат со благо намалување во однос на истиот период лани во која беше вкалкулирана и ланската капитална добивка од ГА-МА, која ја нема во овогодинешниот биланс на успех.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.5.2024

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе