Вести Економија Најважни

Прехранбената индустрија оди под капата на ЕСМ продажба, дали поефтината струја ќе ги намали цените?

Прехрамбениот сектор оди под капата на ЕСМ Продажба. За нив ќе биде обезбедна струја по цена од околу 100 евра за мегават час.

Владата очекува дека цените на основните прехрамбени производи ќе се намалат откако ќе се скратат трошоците за струја. Се анализира дали и месната индустрја да биде вклучена во оваа антикризна мерка.

Основните и средните училишта одат кај „ЕСМ продажба“ и ќе купуваат струја по иста цена како и прехрамбените компании а истото важи и за Јавните комунални претпријатија со што ќе се спречи нивен банкрот.

Компаниите призводители на основните прехрамбени продукти ќе одат под капата на „ЕСМ продажба“ и ќе добиваат поефтина струја од онаа која е на отворениот пазар.

Станува збор за компаниите кои произведуваат млеко и млечи производи, пекарско мелничката индустрија и комапниите кои се бават со производство на масло и масти, а дополнително се разгледува да се вклучат и компаниите од месната индустрија.

Денеска тие беа во министерството за економија каде беа брифирани за мерките на Владата за кои министерот Бектеши е убеден дека ќе донесат предвидливост која што бизнис секторот ја бара.

До утре треба да бидат готови и анализите на потрошувачката и финансиските импликации доколку во овој пакет се приклучи и месната индустрија а кончената одлука ќе ја донесе Владата најверојатно утре.

Од Владата очекуваат дека со намалувањето на трошоците за набавка на струја ќе се поефтинат цените на основните прехрамбени производи но договор за тоа дали, кога и колку ќе поефтинат засега нема но како што кажа Бектеши механизмите како  ограничување на цени и маржи секогаш може да се применат.

Бектеши потврди дека најавените околу 300 основни и средни училишта и сите јавни комунални претпријатија исто така ќе се префрлат на ЕСМ продажба и ќе ја добиваат струјата по цена како и за компаниите од прехрамбениот сектор, околу 100 евра за мегават час.

Владата вчера ги достави предлозите до Европската Комисија на што ќе ги потроши најавените 80 милиони евра финансика помош од Брисел а Бектеши појасни дека станува збор за ранливите категории на граѓани и проширување на листата на категории кои би добивале субвенции за плаќање на сметките за струја и набавка на енергенски како и директна поддршка на микро и малите претпријатија до крајот на кризната состојба во април.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе