Вести Економија

Дуковски во Топ Тема: Имаме минимум 23% неевидентирана економија, тоа се 2 милијарди евра годишно неоданочени

Во Македонија има 23% неевидентирана економија, фирми кои работат на црно, а тоа според проценките се две милијарди евра годишно кои остануваат неоданочени и не се пријавени никаде, а треба да се приход во буџетот, вели Сашко Дуковски во вечерашната Топ Тема.

Се посериозни се предупредувањата на бизнис секторот за тоа дека не можат да издржат без помош од владата , после нова година, вели Дуковски, додавајќи дека бизнис секторот уште летово ги предложиле мерките до владата, но до сега се останало само „на добра волја“.

Остануваат на своето, меѓу другите, прво барање, владата да им помогне во субвенционирањето на струјата.

Неговиот соговорник, Џевдет Хајредини рече дека бизнисмените се писмени и знаат дека цената на струјата никогаш нема да биде како порано, и да помине кризата, цената ќе остане висока, и затоа секој бизнис сегашен и иден треба да знае дека ефтина енергија веќе нема да има.

И државата се соочува со екстремни услови како на пример , ранливата категорија на луѓе. ММФ не финасира економии со здрави фундаменти и политики, ММФ упаѓа кога државата како Македонија не може да ги измери стасаните обврски кон странство, затоа субвенционирањето ќе трае кратко и да го додели владата. Бизнисите треба да се конкретни и нека кажат за колкав период им треба тоа субвенционирање.

Дуковски смета дека Хајредини е во право, сепак тој вели дека државата требала да помогне за да се поднесе првичниот удар.

  • Компаниите не можат да ја следат веќе цената на влезните трошоци, и стануваме неконкурентини и дома и во регионот, вели Дуковски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија го одбележува 5 мај – Денот на македонскиот јазик

Дејан Дејан

Митрески: Заедно и сплотени против сите предизвици и искушенија

Дејан Дејан

Велигден со пораки за здравје, љубов, меѓусебна почит и обединување

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе