Вести Економија Македонија Топ вести

Ковачевски: Со договор можно е решение за училиштата и здравствените установи за снабдувањето со струја

На кој начин училиштата, јавните комунални претпријатија и 150 прехрамбени компании ќе бидат префрлени од слободниот на регулираниот пазар за да плаќаат поевтина струја, се уште не е донесена конечна одлука но владата останува на оваа антикризна мерка потврдија и премиерот  Ковачевски и министерот за економија Бектеши. Првиот регулатор предупреди да не се носи решение кое би било оптоварување на ЕСМ и би влијаело врз поскапување на струјата за граѓаните.

Штом ќе бидат усогласени барањата на компанијата, на стопанството, со регулативите за кои е задолжена РКЕ, ќе се излезе со финална солуција како ќе изгледа префрлањето на нови институции на регулираниот пазар. Нормално дека останува на РКЕ да го разгледа во детали барањето кое што го има не само Владата, туку и другите институции и на крајот да најдеме солуција. Досега се покажа дека со напорна работа, со добра координација помеѓу сите институции може да се изнајде решени

За тоа дали е можно зголемување на цената на струјата поради ваквата одлука овие институции и компании да користат поефтина електрична енергија, премиерот  набројуваше кои се фактори влијаат врз цената на струјата .

Претседателот на РКЕ Бислимовски вчера предложи да се најде друго решение преку  „ЕСМ Продажба“ кој на училиштата и компаниите би им даала струја по пониска цена од берзанската.

Министерства во во септември ја намалиле протрошувачката на електрична енергија за околу 20 проценти, ибјави премиерот.  На прашањето дали има министерства што не ги спровеле мерките за штедење одговори. Ако не заштедеа ќе имаше нов министер во тоа министерство.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азиските берзи во раст по договорот меѓу САД и Иран

Дејан Дејан

САД и Иран постигнаа договор за прекин на војната – стапува на сила веднаш

Дејан Дејан

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе