Вести Економија Македонија Топ вести

Утре почнува новата грејна сезона

Граѓаните утре ќе се разбудат со топли радијатори. Иако, викендов се очекува температурите да бидат повисоки, парно ќе има. Првиот човек на РКЕ уверува дека грејната сезона ќе стартува без проблеми, и покрај тоа што не се знае дали и како ќе работи ТЕ-ТО. Но, се надева дека во најскоро време државата ќе најде поевтин гас, за да може да се стави во фунцкија и оваа централа.

На ден пред стартот на грејната сезона, ЕСМ и официјално го презема греењето од БЕГ. РКЕ денеска и ги додели трите лиценци на компанијата, за снабдување, за дистрибуција и за проиводство. Правилата за испоракат на парно останувата како и до сега.

Градско парно користат околу 60 илјади домаќинства. Најмал број корисници има приклучено на топлната „Скопје Север“ која ги грее жителите на Бутел, на Чаир и на Топанско. Од оваа топлана побараа државата да најде начин да им помогне да ги покријат високите трошоци за енергенси,  во спротивно ќе мора да го затворат вентилот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Силјановска Давкова: Она што се случува денеска е резултат на тоа што ветингот беше само реторика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе