Вести Економија Македонија Топ вести

Бислимовски контра Владата – училиштата и компаниите не се префрлат на регулираниот пазар

Доколку училиштата, јавните комунални претпријатија и околу 150 компании од прехранбениот сектор, како што се најавите на Владата, се префрлат од слободниот на регулираниот пазар, тоа ќе влијае на конечната цена на струјата која ќе ја плаќаат домаќинствата од 1 јануари.

Ова е ставот на првиот човек на Регулаторната Комисија, Марко Бислимовски, по најавите од Владата дека како антикризни мерки и помош планира да ги префрли овие институции и компании на регулираниот пазар, односно под капата на ЕСМ и ЕВН. Бислимовски е дециден дека на компаниите мора да им се помогне и тоа треба да оди преку компанијата „ЕСМ Продажба“ по цени исти или пониски од оние на отворениот пазар.

„Треба да го заштитиме ЕСМ. Доколку се вратат на регулираниот пазар, ЕСМ ќе треба да продава на ЕВН струја по цена од 48 евра за мегават час и во тој случај дополнително би ни се направил притисок на цената на електрична енергија, бидејќи апсолутниот износ на маржата која е задолжителна и определена на тендер распишан во 2019 година ќе се зголеми до 7 милиони евра “, изјави Бислимовски.

Бислимовски додава дека доколку тие се префрлат на регулираниот пазар, дпополнително ќе ја оптоварат компанијата во делот со производство, а ако го прифатат неговиот модул преку „ЕСМ Продажба“, Регулаторната ќе може да ги следи случувањата на пазарот и да ја корегира цената која ќе се понуди на овие институции.

„Регулаторната комисија за енергетика определува цена и нема да може да ги следи случувањата на пазарот. Доколку тоа се прави преку „ЕСМ Продажба“, ЕСМ може на месечно ниво да ја корегира својата цена која ќе им ја понуди имајќи предвид најавите на Европската комисија дека ќе се воведе лимит на цената на електричната енергија на берзите од компаниите кои не се на природен гас. Тогаш имаме „вин- вин“ ситуација, се обезбедува поголема флексибилност, поголема заработка кај ЕСМ и нема притисок врз цената на домаќинствата заради маржата“, рече Бислимовски

Цената од 48 евра за мегаватат струја по која ЕСМ ја продава на ЕВН важи до 31 декември, а дали ќе има поскапување од 1 јануари зависи од производството на домашните капацитети.

„Ќе направиме сериозна анализа што и како се случува со цените на електрична енергија на регулираниот пазар во државата. Доколку ЕСМ го додржи производството кое го испланирал не верувам дека ќе има потреба од зголемување на цената на електричната енергија“, кажа регулаторот.

Владата како дел од антикризните мерки предложи над 300 основни и средни училишта да се вратата на регулираниот пазар како и сите јавни комунални претпријаија кои се соочуваат со банкрот поради високите суми на сметките за струја а последно е и дека на ова треба да се додадат уште 150 компании од прехранбениот сектор.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно, особено претпладне нестабилно – Временска прогноза за 3.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Ќе ја вика Македонија, пред табла Северна Македонија, зашто нема Јужна Македонија, Силјановска за уставното име, а Пендаровски вели секој си има свој став, ама во дипломатијата има протестни ноти

Дејан Дејан

Скопјанец паднал во отворена шахта во центарот на главниот град

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе