Вести Економија Топ вести

Во 105 згради во Скопје во сабота нема да има парно, станарите не обезбедиле услови, алармираат од ЕСМ

Во 105 згради во Скопје в сабота нема да има парно, бидејќи станарите не обезбедиле услови. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) која ја презеде испораката на топлинска енергија во Скопје, велат дека во 105 објекти, што е околу 3,7 проценти од вкупниот број мерни места, сè уште не се обезбедени бараните услови односно имаат дефекти во внатрешната грејна инсталација, оневозможен е пристап на екипите на компанијата до топлинските станици или немаат електрична енергија во топлинските станици.

„Со цел испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено и навремено, апелираме до потрошувачите, управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија. Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите“, велат од ЕСМ.

Од компанијата велат дека потрошувачите пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи треба да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува топлинска енергија. Ако објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи за да биде евидентиран нивниот објект.

Грејната сезона почнува на 15 октомври, а оваа зима со парното во Скопје ќе управува ЕСМ откако регулаторната комисија за енергетика ги одзеде лиценците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ). Поради енергетската криза и високата цена на гасот, засега за работа на топланите е обезбеден гас само за октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе