Вести Економија Македонија Топ вести

Деаноски од УПОЗ во „Топ тема“: Ниту едно наше барање не беше на дневен ред на денешниот Економско-социјален совет

Со дневен ред од пет точки, меѓу кои ги немаше барањата на Синдикатите од изминатиот период, мина денешната седница на Економско-социјалниот совет која на крајот беше прекината, без конкретни мерки како што беше најавувано, вели Трпе Деаноски, претседател на УПОЗ, во вечерашното издание на „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Шест месеци немаше седница на Економско-социјалниот совет, во време на најголема финансиска криза во државата, во време на најголема инфлација. Нема методологија на плати која беше помпезно најавувана и сè уште се најавува, нема за фискални импликации, нема за потпишување на нови колективни договори. Меѓу точките на дневниот ред немаше ниту едно од нашите барања од изминатиот период“, изјави Деаноски.

Наместо нивните барања да се разговара за конкретни работи, сепак, Синдикатите и работодавачите добија дневен ред по кој требаше да се расправа за усвојување на предлог записник од втората седница, за даночна реформа, за годишниот извештај за работата и функционирањето на Економско-социјалниот совет, за три ратификации и за барање за надминување на последиците предизвикани од високите сметки за електрична енергија во компаниите.

Седницата на Економско-социјалниот совет попладнево траеше повеќе од четири часа и заврши без конкретни разговори за мерки што, според Деаноски, е зачудувачки. Тој вели дека мерките и препораките за намалување на расходи што биле донесени на 88-та седница на Владата во неделата не им биле доставени на седницата на Советот, туку Синдикатите ги добиле преку свои извори и по нив не се расправаше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе