Во пресрет на новата грејна сезона која започнува во сабота на 15-ти октомври, ЕСМ Снабдување ДООЕЛ Скопје апелира до потрошувачите и заедниците на сопственици да проверат дали објектите се подготвени за грејната сезона.
За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување.
Во пресрет на новата грејна сезона 2022/2023, ги повикуваме потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во потстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона, повикуваат од ЕСМ Снабдување.
Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навремена и квалитетна испорака на топлинската енергија, посочуваат од компанијата.
За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100.
