Вести Економија Македонија Топ вести

Плата за живот а не минимална, порачаа синдикалците од шестата текстилијада во Штип

Плата за живот, а не минимална им порачаа синдикатите и невладините организации на своите власти на шестата Текстилијада од центарот на текстилот во земјава.

Потпишаа и декларација, со која бараат промена на формулата за создавање на минимална плата.

Ова барање е на ниво на Балканот, а истражувањата покажуваат дека мининималната плата во земјите на Источна и Југоисточна Европа е  25 % од платата за достоинствен живот на работниците,  а две третини од границата за сиромаштија во ЕУ.

„Тука мора да се пресмета да има доволно пари да се прехрани едно четворочлено семејство, да можат на децата да им се купат патики, чевли, да можат да платат комуналии, интернет, телефони. Се она што е нормално во 21 век. Да издвојат за култура, театар, кино, да купат гардероба и да им остане 10 % да можат да заштедат, тоа е Плата за живот“ – вели Жељко Веселиновиќ, претседател на синдикатот „Слога“ од Србија.

Платата за живот лани во земјава изнесувала 52.000 денари. Кристина Ампева од Гласен Текстилец вели дека кон крајот на месецов ќе се пресмета за оваа година, но и за наредната. Се очекува да биде над 60.000 денари. Зголемување на минималецот мора да има сметаат и од Кoнфедерација на слободни синдикати. Според овој синдикат, ако нема повисоки плати државата ќе остане без работници.

Според Ралповски порастот на просечната плата во земјава не е за да се слави, бидејќи според анализите во изминатите две години се угасиле 120.000 работни места, а во исто време се намалиле и вработеноста и невработеноста.  Синдикатите и невладините организации на 6. Текстилијада во Штип ја потпишаа декларацијата Плата за живот.

Оваа барање доаѓа во моменти кога инфлацијата бележи раст.

Лебот и маслата во однос на лани се купуваат за 50 % поскапо.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп и Пезешкијан електронски го потпишаа мировниот договор меѓу САД и Иран – објавени сите 14 точки

Дејан Дејан

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе