Вести Економија Македонија Топ вести

Мицкоски: На средбата во Владата влегов загрижен, излегов уште позагрижен

На средбата влегов загрижен, а излегов уште позагрижен, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по двочасовните разговори на тема енергетика со премиерот Димитар Ковачевски во Владата.

Во периодот што следува е потребно силно да работиме, да ги надминеме сите проблеми кои што очигледно ќе ни се случуваат, бидејќи она првично сценарио што како претпоставка сите ние го имаме, а тоа е функционалност на трите блока во РЕК Битола, едниот блок во „Осломеј“ во Кичево, двете турбини во Неготино, вклучително и добрата кондиција на хидропотенцијалот, зајакнат со добриот капацитет на ТЕ-ТО Скопје во суштина е тешко да се реализира, изјави Мицкоски.

Тој истакна дека партијата изразила подготвеност да ги стави на располагање сите позиции, додека, како што истакна, од премиерот Димитар Ковачевски бил посочен министерот за еконјомија, Крешник Бектеши како лице за контакт.

Веднаш ќе ги контактираме нашите позиции, контактите ќе бидат пренесени до министерот Крешник Бектеши и од тој момент, па натаму, очекуваме оваа неизвесност во која што во моментот се наоѓа Македонија, граѓаните и стопанството да се ублажи, односно да обезбедиме евтин ресурс со кој, пак, ќе можеме да обезбедиме евтина струја, односно поевтинја од онаа на берзите и на тој начин ќе помогнеме на граѓаните, на стопанството и на државата, порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ не одговори како би бил донесен гасот до земјава. Рече дека ниту тој лично, ниту партијата немаат намера да се занимаваат со тргнување на гас.

Мицкоски пред новинарите на платото пред Владата го сподели и предлогот што го имал на средбата.

Ако ја имаме оваа оперативна претпоставка, предлагаме позиција која што ќе обезбеди значително поевтин ресурс за ТЕЦ Неготино. Цената по која што тој ресурс ќе биде донесен до ТЕЦ Неготино и комерцијалните услуги ќе си ги испреговара владата, зголемена за трошоците за производство на тој ресурс ќе даде цена на електрична енергија што ќе биде најмалку двапати помала од таа што во овој момент е на берзите, изјави Мицкоски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе