Вести Економија Топ вести

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно се канат на средба

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си испраќаат покани за разговор поврзан со енергетската криза. Откако лидерот Христијан Мицкоски го покани вицепремиерот Фатмир Битиќи утре во партиското седиште, премиерот Димитар Ковачевски покани претставник на опозициската партија во среда во Влада.

Мицкоски се огласи преку социјалните мрежи, бидејќи премиерот не прифати директна средба за да го чуе неговиот коцепт за ублажување на последиците од енергетската криза.

Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на Владата. Во услови кога Ковачевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го покануваме Фатмир Битиќи на состанок во недела во седиштето на ВМРО ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот, напиша на Фејсбук Мицкоски.

 „Не е време за политички поени и лицитации, покани за дуели и средби, туку време е за работа, за заедништво и за креирање политики за добробит на сите граѓани“, возврати премиерот Ковачевски преку изјава за МИА. Нагласува дека економските политики се креираат институционално на Економскиот совет. Во кризни времиња, тој работи во проширен состав и покани се упатуваат до сите чинители, до стопанските комори, академската заедница, па и до опозицијата.

На последниот Економски совет во проширен состав, покана беше испратена и до ВМРО ДПМНЕ, но ниту еден партиски претставник не се појави. Поканата за нив останува отворена и за следниот Економски совет што ќе се одржи во среда. Владата е отворена и тие секако се добредојдени да ги презентираат решенијата што ги имаат, изјави ковачевски.

 Јавното упатување покани меѓу двете најголеми партии почна пред три дена. Мицкоски изјави дека има контакти за набавка на поевтина струја и побара средба во Владата, а Ковачевски одговори дека тој не располага со архива за понуди и состаноци, па го препрати во Министерството за економија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе