Вести Економија Топ вести

ЕУ ќе го оданочи рекордниот профит на енергетските компании

Европската унија се согласи да воведе итни мерки за данок на енергетските компании за нивниот рекорден профит. Министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ договорија неочекувани даноци за одредени енергетски компании, како и задолжителни кратења во користењето на електричната енергија.

Планот вклучува давачка за вишокот профит на фирмите за фосилни горива и давачка за вишокот приходи направени од зголемените трошоци за електрична енергија. Собраните пари се очекува да бидат наменети за семејства и бизниси погодени од кризата.

Но, блокот е поделен околу тоа дали и како да се стави ограничување на големопродажната цена на гасот. Неочекуваниот данок ќе го наметне владата на една компанија за да ги таргетира фирмите кои имале корист односно, неочекуван профит.

Европските министри се надеваат дека можат да соберат 140 милијарди евра од давачките на екстра профит на производителите и добавувачите на струја без гас, кои од сегашната побарувачка остваруваат поголем профит.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Има функционери на кои фотелјата им стана поблиска од народот – рече Мицкоски на партискиот роденден и најави смени на министри и директори

Дејан Дејан

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе