Вести Економија Македонија Топ вести

Најбогатите најмногу трошат енергенси, а за сиромашните што ќе остане

Со месечен семеен буџет од над 40 илјади денари полесно се живее, но и повеќе се загадува средината. Ова го констатира невладината „Македонска платформа против сиромаштија“ во своето истражување.

Кој има повеќе пари во џебот – толку повеќе троши енергенси, отколку граѓаните кои немаат ниту за дрва и се греат на што ќе стигнат, велат од платформата.

Истражувањето опфаќа домаќинства кои имаат до 25 илјади денари, од 25 до 40 илјади денари и над 40 илјади денари месечни примања.

„Во рамки на разговорите коишто ги имавме со луѓето кои имаат искуство со сиромаштија, нивната дилема е како да ја преживеат зимата бидејќи до лани умееле да го направат планот во смисла „ќе земам нешто дрва, па ако не ми стигнат ќе видам што ќе правам“. Во третата категорија со месечни примања над 40 илјади денари имаме луѓе коишто имаат, можат и трошат – и пари и енергија. Тие се најголемите загадувачи заради тоа што тие тоа го прават по избор, а не заради неможност и кај нив најмногу треба да се влијае на промена на свеста.“ – изјави претседателката на македонската платформа против сиромаштија, Билјана Дуковска.

Недоумици кај граѓаните нема. Свесни се за кризата којашто претстои, но јасно им е дека немаат голем избор кога станува збор за греењето.

Најчесто, како се грееле досега, така ќе прават и зимава. Им останува само надежта дека ќе се издржи ударот на кризата.

„Имам план ама тешко дека ќе се оствари. Пелетите се поскапени двојно, дрвата исто така поскапеа двојно. Ако има рестрикции на електричната енергија тоа повлекува и други работи. Народот купуваше инвертери, печките на пелети не работат без струја.“ 

„Лани така се греевме со термо-печката, а и оваа година така. Колку-толку нè топли. Само здравје да имаме.“

„На пелети сум. Точно е тоа дека се многу поскапени годинава ама мора да се живее. Ќе се снаоѓаме, што ќе правиме. Тоа е.“

„На дрва ќе се топлиме. А, скапи се дрвата многу. По шест илјади денари.“

Невладините дополнително алармираа дека најсиромашната група на луѓе се буквално изоставени од мерките за намалување на загадувањето.

Телма праша во Министерството за животна средина – какви мерки се преземаат пред самиот почеток на новата грејна сезона и што ќе се прави во однос на аерозагадувањето, но и дали ќе се субвенционираат одредени категории на граѓани коишто и претходните години се грееле на дрвја, пластика и сè друго што им е при рака. Одговор сè уште нема.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Екстрадиција на Палевски: Кои се процедурите за испорачување на бегалци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе