Ида има дваесетина години и потекнува од добро ситуирано семејство. Еден ден исчезнува без никаква трага. Нејзиниот љубовник Сандер доброволно се согласува да биде затворен во еден стан, каде што таткото и братот на Ида го испрашуваат. Намерите на овој безгрижен невработен маж се нејасни – тој живее во пријатни спомени за неговата и Идината романтична фаталност, од типот „ние против целиот свет“. Во низа прашања и одговори, Сандер не ја открива целата вистина, станувајќи несигурен раскажувач. Но, дали тој воопшто ги има одговорите? Или исчезнувањето на Ида е само „негова приказна“?
Постепено, во оваа мистерија на чувства, сеќавања и трауми, се откриваат сите непознати димензии на изборите што ги направиле двајцата кревки љубовници.
