Вести Економија Најважни

Со закон против воено профитерство да се спречи поскапувањето

Вицепремиерот Битиќи бара закон против воено профитерство како заштита од бранот поскапувања. Им прелдожи на пратениците да го изработата , а тој прв ќе  го поддржи. Вели дека  не е возможно одредени цени да се толку високи. Апелираше до млекопреработувачите да се оснесуваат како што треба на пазарот , а  од пазарните инспектори  да продолжи со  контролите.

– За жал и во период на криза некој не се однесува разумно како што треба. Во собрание има е закон за етичко однесување на пазарот, додека бараме кризна состојба за енергетика  повикав ако пратениците се согласат да направат закон против профитирање во време на криза, кој се нарекува закон за воено профитерство,  слободно нека го направата јас ќе одам одма да го бранам зошто мора да има ред во општетсвото, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи вицепрмеирт.

Од пазарен пак најавија нов бран конотрли од понеделник.

Од понеделник  ќе се проверуваат влезните трошоци на млекопреработувачите , за да се види дали тие се реални трошоци. Доколку не се , ќе се бара од нив  да ја корегираат цената. Дополнително пазарниот инспекторат  ќе врши засилени конотрли и кај трговците  на мало и на големо за да се види дали тие се придржуваат кон мерката за ограничените маржи, велат од пазарниот инспекторат.

И покрај  тоа што државата ги ограничи  маржите на трговците,  цените  на основните производи продолжија да растат. Пред извесно време нови повисоки цени добија и кашкавалот, сирењето, јогурот.

Од владата пак тврдат дека се разглеудва опцијата да се прошири листата на производи чии маржи ќе се ограничат.

Високите цени на производите ја вивнаа и инфлацијата. Во месец август таа достигна речиси 17 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Потребна е целосна финансиска независност на обвинителството и подобри услови за работа

Sasko Dimovski

Падна фасада од зграда во Карпош, оштетени три возила

Дејан Дејан

Формирале медиумски канал на интернет и поттикнувале создавање на терористичка група – кривична пријава против пет лица од Скопје

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе