Вести Економија Топ вести

Се чека на понудата од турски „Боташ“

На почетокот на идната недела турски „Боташ“ ќе ја достави понудата до Владата за количината на гас и струја што евентуално би ја испорачал како и за цената, во тој меѓувреме владиниот тим би требало да најде начин за пренос до Македонија.

Ова доаѓа по вчерашната посета на труската државна компанија на владиниот економско енергетски тим кој го предводеше министерот за економија Крешник Бектеши, а во која беа и директорите на државните енергетски компании ЕСМ, МЕПСО и НЕР, Васко Ковачевки, Орхан Муртезани и Бајрам Реџепи.

Според информациите на Телма, поднудата се очекува да биде досртавена во понеделник или вторник и во неа да се содржи цената и количината на гас и струја која би била испорачана како и испораката. Владата пак во наредните три дена треба да направи план околу преносните капацитети и нивната расположивост во претстојниот период.

Она што е јасно е дека за транспорт на гасот би се користел гасоводот „Турски тек“ и краците кон Бугарија или Грција кое што ќе има клучно влијание врз цената.

Како што дознаваме, во сите понуди за продажба на струја кои досега биле доставени во Владата цената не била под 330 евра за мегават час.

Посетата на Турција дојде откако извиси и договорот со Бугарија за набавка на струја со која требаше да се снабдуваат големите индустриски капацитети поради разлики во цената која е понудена и цената која македонската страна е подготвена да ја плати.  Министерот Бектеши објасни дека  договор не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави  новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават час. Засега нема најави за нова средба на работните групи.

Досега со Србија е договорена испорака на гас, но се утврдува начинот на транспорт  а договорено и преносната мрежа да биде отворена во текот на целиот период. Со Грција пак е договорена континуирана испорака на јаглен, мазут и лигнит енергенсите неопходни9 за неопречено производство на струја на домашните капацитети.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе